Бритни Спирс тврди дека го сменила своето име: Еве како се вика сега

од Vladimir Zorba

Пејачката Бритни Спирс сподели со своите следбеници на Инстаграм дека го сменила името во Ривер Ред.

Пејачката (41) објави видео на кое изгледа неверојатно во оскуден горен дел на кој пишува Кока-Кола и соодветно мини здолниште додека танцува на песните на Џастин Бибер.

Малку подоцна пејачката објави слика од планетата Марс, и напиша дека го сменила името.

– Низ него гледам се… течно е и влажно… разиграно е и има маса. Го сменив моето име во Ривер Ред! А сепак, огнот е таму каде што свети… да се загледа во него и да скокне без никаков страв – напиша таа во својата објава.

Сега на Инстаграм ја нарекуваат и Ривер Ред, а пребарувањето на Бритни Спирс покажува стар профил со новиот „ник“.

Инаку, познато е дека Бритни Спирс има биполарно растројство, а неодамна доживеала нов нервен слом во ресторан во Лос Анџелес. На социјалните мрежи брзо се прошириле слики од инцидентот.

Бритни доживеа вознемирувачка ментална епизода откако таа и нејзиниот 28-годишен сопруг Сем Ашгари пристигнаа на вечера со нивниот телохранител.

Слични содржини