Брнабиќ: Убедена сум дека ќе се зачува меѓусебното разбирање меѓу Србија и Република Српска

од Radmila Tasevska

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ, упати честитка до премиерот на Република Српска Радован Вишковиќ, по повод Денот на Република Српска.

„По повод Денот на Република Српска, во име на Владата на Србија и во мое лично име, вам и на граѓаните ви упатувам срдечни честитки, со најдобри желби за напредок и благосостојба на Република Српска и на Србија“, рече Брнабиќ, а соопшти Владата на Србија.

„Убедена сум дека во периодот што следи ќе се зачува нераскинливото пријателство и меѓусебното разбирање, за доброто на српскиот народ, но и за стабилноста и просперитетот на Балканот“, додаде таа.

Слични содржини