Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ и премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со релевантните министри за транспорт, Горан Весиќ и Благој Бочварски, утре ќе посетат мобилно продажно место Отворено Балкан – електронска наплата на патарина, на наплатната станица во Прешево, во правец кон Северна Македонија, соопштија од Владата на Србија.
Турата е закажана за 11:30 часот, а потоа, како што соопшти прес-службата на Владата на Србија, министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура во Владата на Србија, Горан Весиќ и министерот за транспорт и врски на Северна Македонија, Благој Бочварски, ќе ја посети наплатната рампа Романовци во Северна Македонија.
Заедничкит таг за наплата на патарина во Србија и Северна Македонија профункционира на почетокот на јули, а за возачите да можат да го користат таг уредот, потребно е негово реконфигурирање.