Брнабиќ од штабот на СНС: Од обработени 50 отсто избирачки места имаме 47,1 отсто поддршка

од Vladimir Zorba
251 прегледи

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ зборуваше од седиштето на СНС и тоа е прва конференција за медиумите по затворањето на гласачките места во Србија.

-Да ги повторам зборовите на Александар Вучиќ. Добредојдовте на прославата – ја започна таа конференцијата.

– Да почнеме како почна денот, колку што можевме да слушнеме невистини, лажни вести, се со цел да се создаде атмосфера на паника и недоверба. Се обидовме да објасниме за какви лаги станува збор – рече таа, наведувајќи го примерот со починат маж кој наводно гласал.

– Контролорите на СНС не можат да влијаат на овие работи, а опозицијата имаше 80 проценти набљудувачи, односно контролори на избирачките места – додаде таа.

Во Оџаци имало инцидент, рече таа.

-Би сакала да им се заблагодарам на институциите за брзата реакција, се според прописите. Да не зборуваме со што се соочивме ние како листа за време на изборниот молк. Ваква бруталност на кршење на изборниот молк не е видена – посочи таа.

– Според 50 отсто обработени избирачки места, нашата листа „Србија не смее да запре“ има 47,1 отсто поддршка, 23 отсто има „Србија против насилство“, 6,7 отсто СПС, 4,9 отсто Нада, 4,6 Несторовиќ и Двери 2,9 и 3 отсто. Самата листа сигурно ќе има повеќе од 35 мандати во српскиот парламент. Во овој момент, на овие 50 проценти од примерокот е 31, но да почекаме до крај.

Зборувајќи за Белград, таа рече:

– Првите резултати допрва почнуваат да пристигнуваат за Белград и свесна сум дека опозицијата има план таму да прогласи победа, иако гласовите се уште не се преброени – рече Брмабиќ.

Претседателот на Србија и член на СНС, Александар Вучиќ, вечерва пристигна заедно со партиски функционери во седиштето на коалицијата собрани околу изборната листа „Србија не смее да запре“ во Нов Белград.

Во седиштето на СНС има голем број новинарски екипи од Србија, а присутни се и медиуми од регионот и светот.

Слични содржини