Брнс: С. Македонија оствари значителен напредок во последните три години

од Vladimir Zorba

Американската амбасадорка во земјава, Кејт Брнс на социјалните мрежи сподели дека деветтиот парламентарен состав постигнал значителен напредок во реформската агенда во последните три години.

Изгласувањето на низа закони, меѓу кои и Законот за ЈО, за одбрана, за јазици итн. , според амбасадорката помогнале во обезбедувањето на трансатлантската иднина на државава.

„Како заклучок на деветтиот парламентарен состав во историјата на Северна Македонија, би сакала да го признаам значителниот напредок што е постигнат во последните три години. Ова вклучува ратификација на протоколот за пристапување во НАТО, ратификација и чекори за спроведување на Договорот од Преспа, ратификација на Договорот за пријателство со Бугарија, како и усвојување на законите за Националната агенција за безбедност и Оперативна техничка агенција, Закон за јазици, измени и дополнувања на Законот за одбрана, Законот за заштита и спречување на дискриминација и Законот за јавното обвинителство. Овие достигнувања покажуваат посветеност на Северна Македонија за реформска агенда, во корист на нејзините граѓани и да помогнат во обезбедувањето на нејзината трансатлантска иднина“, напиша американската амбасадорка на социјалните мрежи.

Слични содржини