Брод без екипаж: Претставен е првиот автономен брод

од desk2
161 прегледи

На Mobile World Congress во Барселона, деновиве беше претставен првиот автономен брод кој може да плови без екипаж, а се управува преку 4G и 5G мрежа.

Овој брод заеднички го развија Ericsson, China Mobile и OceanAlpha, а на MWC беше прикажан и начинот на кој се управува со бродот – посетителите на штандовите на саемот можеа да управуваат со бродот кој што се наоѓаше во посебен базен оддалечен неколку километри од саемот.

Благодарение на овој брод кој може да плови без екипаж, многу брзо и ефикасно може да се реши проблемот со загадувањето на водата – може да собира и да анализира податоци и да ги идентификува причините за загадувањето во одреден регион.

Од Ericsson велат дека ова се првите чекори кои ни покажуваат како 4G и 5G можат да ѝ користат на нашата планета и да му помогнат на општеството.

Според генералниот менаџер на OceanAlpha, Ран Жанг, овој брод целосно би требало да го промени традиционалниот начин на хидролошки истражувања и следењето на квалитетот на водата, а ќе влијае и на намалувањето на трошоците и подобрувањето на точноста на податоците.