Денеска е забележан нов скок на бројот на заболени и на починати лица.
Регистрирани се 1031 случај на Ковид 19 од направени 4.373 тестирања ,а починати се 20 пациенти на возраст од 50 до 93 години.
Во овие градови има голем број на позитивни:
Скопје 49491, активни 5588
Прилеп 6059, активни 854
Кавадарци 3829, активни 649
Охрид 3554, активни 496
Неготино 1582, активни 421
Од вкупниот број починати, девет пациенти се од Скопје, тројца од Прилеп, по двајца од Битола и Велес и по едно починато лице има од Куманово, Гостивар, Кавадарци и Кочани. Сите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 112.107, бројката на оздравени пациенти е 97.166, на починати е 3.300, а бројот на активни случаи изнесува 11.641.