Бројката на починати од корона во Македонија надмина 1.300, само за една недела починаа 169 лица

од Vladimir Zorba
137 прегледи

Бројката на починати од коронавирус во Македонија надмина 1.300, односно веќе 1.305 граѓани го загубија животот поради болеста, соопшти денеска Минстерството за здравство по последниот пресек.

Во изминатото деноноќие починале 24 лица – седум пациенти од Скопје (58, 80, 86, 63, 50, 61 и 45г), еден од Штип (64г), еден од Прилеп (57г), еден од Тетово (61г), двајца пациенти од Битола (66 и 73г), три од Кавадарци (83, 78 и 69г), еден од Гостивар (46г), три пациенти од Струмица (78, 68 и 59г), еден од Берово (41г), еден од Делчево (83г) и три пациенти од Кичево (44, 58 и 63г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Во изминатава недела, според податоците на Министерството за здравство, починаа дури 169 лица.