Бројот на новозаболени се намалува, лекот и вкацината наскоро достапни за македонските граѓани

од Берта Китинска
437 прегледи

Вакцината и лекот Ивермектин се новата надеж за спас од коронавирусот. И двата лека наскоро ќе пристигнат во земјава.

„ Ивермектин за две недели ќе може да се најде во аптеките, ќе се дава на три групи граѓани и кај сите ќе има различно дозирање, поради што мора да се консултира лекар за неговата употреба. Станува збор за ризични групи на работници, лица кои имале потврден контакт и луѓе кои се заболени од Ковид-19. Различно дозирање има кај сите групи и затоа треба да биде под надзор на лекар“, вели министерот за здравство, Венко Филипче.

Преку ковакс системот земјава ќе ги добие првите вакцини против коронавирус.

Стигна писмото од КОВАКС  дека можно е вакцината да стигне на крајот на јануари почетокот на февруари, ние веќе аплициравме да бидеме во првата група на земји во однос на спремноста за прием на вакцините, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

-Крајниот рок за  поднесување апликација е 18 јануари. Според писмото станува збор за фајзеровата вакцина, а следната што доаѓа предвид е на “Астра Зенека“. Милион и двесте граѓани ќе бидат вакцинирани со ковид-вакцините, изјави Филипче.

Во однос на тоа колку дози вакцини би можеле всушност да очекуваме, тој рече дека би можеле да  очекуваме по 800 илјади дози вакцини врз основа на три механизми.

Во однос на бројот на заболени бројот значајно се намалува.

-Бројот и овие изминати денови на пациенти на кои што е им е потреба хоспитализација и натаму е оној тренд на одржување на мал број на хоспитализирани пациенти во сите болници, не само во Скопје туку и ширум државата. Верувам дека ќе остане вака, верувам дека прекршувањата на мерките не беа чести.“, изјави Филипче.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 85594, бројката на оздравени пациенти е 66760, на починати е 2592, а бројот на активни случаи изнесува 16242.

 

Слични содржини