Бројот на починати од Ковид-19 во Италија надмина 60.000

од Nikola Popovski
228 прегледи

Бројот на смртни случаи од последиците од коронавирус во Италија надмина 60.000, откако во последните 24 часа биле пријавени 564 смртни случаи, соопшти Министерството за здравство. Инфекцијата е потврдена кај 18.887 лица во последните 24 часа, што е помалку во однос на 21.052 лица од претходниот ден.

Хоспитализирани се 30.391 пациент заразен со вирусот, а уште 150 лица биле примени на одделите за интензивна нега и сега има вкупно 3.454.

Во Италија досега се заразени 1,728 милиони луѓе, а починале 60.078 луѓе. Во изминатите 24 часа биле тестирани 163.550 луѓе.

Слични содржини