Бројот на заболени расте од локалната трансмисија, за 10 дена ќе се видат резултатите од мерките

од Берта Китинска
405 прегледи

Бројот на заболени расте од локална трансмисија на вирусот во која што има бранови, мини  кластери насекаде, вели министерот за здравство Венко Филипче

-Очекуваме дека за 10 дена ќе видиме првични резултати од примената на мерките за заштита кои се во сила заедно со тие што ги предложивме денеска, но за месец ќе видиме вистински резултати од овие мерки, вели Филипче.

Владата денеска ќе расправа за одлука за ограничување на работењето на угостителските објекти до 21 часот.

Пристигнаа брзите ПЦР тестови

Термините за следните денови се веќе зафатени и нема слободни за најмалку една недела.

Министерство за здравство:

„За ултра-брзите тестови не треба да се плаќа. Тие ќе бидат утврдени преку системот на евиденција Мој-термин, алгоритам кој ќе биде специфичен за тоа кои категории ќе бидат тестирани итно, секогаш според препораките на СЗО.“

Во меѓувреме, со предвидените државни пари од ребалансот на буџетот, според Министерството за здравство, нарачани се уште 100 илјади брзи тестови кои ќе бидат бесплатни за граѓаните, но сè уште не е познато по која референтна цена ќе бидат покриени од Фондот за здравство.

Тешко е да се каже конкретна бројка

Согласно циклусот што сега се случува, на динамиката на пренос на вирусот, појава на болеста, евентуално влошување или хоспитализација на пациенти, очекуваме дека за 10 дена ќе видиме првични резултати од примената на мерките за заштита кои се во сила заедно со тие што ги предложивме денеска, но за месец ќе видиме вистински резултати од овие мерки.

Ова го изјави министерот за здравство Венко Филипче во гостувањето на „Само вистина“ на Канал 5 телевизија. Според него, бројката  во првиот бран од пандемијата точно ја предвиделе и тогаш беше близу 2.000 заболени заради анализите кои што се прават врз основа на параметрите  како што се  бројката на заболени, епидемиолошките анкети како се заразиле  и сл., но сега е, вели, тешко да се прогнозира бројка.

–Тешко е да се каже конкретна бројка. Сега навистина  имаме една  трансмисија која што е широка  низ населението.  Локална трансмисија во која што имаме бранови, мини  кластери насекаде и  сакаме да видиме и да процениме како овие мерки коишто се  сега во сила ќе дадат и кога ќе дадат резултат. Јас искрено верувам дека ова што сега го  препорачуваме денеска  заедно со овие мерки кои се до сега во сила –  забраната за групирање, скратувањето на  време на  работа на угостителските објекти, тоа што утре ќе го предложиме  наместо  до 23, до 21 часот, забраната за групирање на отворено наместо 22 да биде 21 часот согласно затворањето на угостителските објекти , препораката да нема домашни  посети,  препораката сите да работат  кои можат согласно работниот процес од дома, 50 проценти исполнетост на  капацитетите на  возилата за јавен транспорт дека ќе даде резултати.  Сето тоа се мерки коишто практично се имплементираат и се препорачуват  во целиот свет, рече Филипче.

Угостителски објекти да работат до 21 часот

Забраната за групирање, скратувањето на  време на  работа на угостителските објекти, ќе го предложиме  наместо  до 23, до 21 часот, забраната за групирање на отворено наместо 22 да биде 21 часот согласно затворањето на угостителските објекти , препораката да нема домашни  посети,  препораката сите да работат  кои можат согласно работниот процес од дома, 50 проценти исполнетост на  капацитетите на  возилата за јавен транспорт дека ќе даде резултати.

Освен за угостителските објекти, засега не се планираат други рестриктивни мерки

Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека не се размислува за затворање на одредени сектори во стопанството, вклучувајќи го тука и угостителството.

– Комисијата за заразни болести секојдневно ги следи случувањата  и ја следи епидемиолошката карта во државата и согласно нивните анализи ако треба ќе поднесат и други предлози. Во овој момен е важно сите да придонесеме за почитување на мерките, носење на маски, хигиена на рацете и одржување физичка дистанца со цел да се намалат бројките на заразени и починати од Ковид-19, рече Бектеши во емисијата Топ тема на ТВ Телма.

Тој нагласи дека податоците што ги имаат епидемиолозите покажуваат дека најголем број од заразените се од организирањето на забави во угостителските објекти, приватни куќи и вили.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 32997, бројката на оздравени пациенти е 21244, на починати е 1025, а бројот на активни случаи изнесува 10728.