Бројот на загинати во Џенова се искачи на 22

од desk2

 

Надлежните потврдија смрт на 22 луѓе, а бројот се очекува да расте, откако денеска падна дел од автопат во Џенова, Италија.

Дел од патот падна денеска околу 12 часот, а причината за падот се уште не е позната.

Италијанската новинска агенција АНСА јави дека властите се сомневаат дека причина за несреќата е недоволната стабилност на конструкцијата на надвозникот.

Надвозникот бил изграден во 60-тите години од минатиот век, а реконструиран во 2016 година.

Италијанските пожарникари објавија фотографии на кои се гледа камион како стои на крајот на мостот непосредно пред уривањето.

Франко Нативо, новинар од телевизијата Telegenova кој е на местото на несреќата, открива информации за SkyTG24 и вели дека гледа барем „осум до девет“ возила згмечени под урнатите делови од патот.

Весникот “La Repubblica” јави дека делот во градот во кој се урал мостот е густо населен, а под него имало трговски центри и индустриски магацини, како и неколку стамбени згради.

Под конструкцијата се наоѓа и железничката пруга која ги поврзува Џенова и милано.

Италијанските медиуми јавија дека во уривањето на мостот учествували десетина возила, повикувајќи се на спасувачките служби. Италијанскиот министер за инфраструктура Тонинели оваа незгода ја нарече „неизмерна трагедија“.

помицијата на социјалните мрежи напиша дека катастрофата е последица на силните дождови.

АНСА пренесува дека бетонскиот мост, дел од автопатот A-10, се урнал од височина од 100 метри.

На лице мсето почна акција за спасување, јавија медиумите.

Пожарникарите објавија први снимки од местото на несреќата на кои се гледаат здробени возила и бројни ранети како ги вадат спасувачите.

Челникот на локалната спасувачка служба вели дека има десетици мртви. Genova24 јави дека цивилната заштита зборува за 20 жртви, но не се знае дали се мртви или само повредени. Се очекува бројот на настрадании да нарасне на 300.

 

Слични содржини