Бројот на загинати во израелските напади врз Газа е 5.000, од ​​кои 2.000 се деца

од Vladimir Zorba

Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Појасот Газа од почетокот на конфликтот денеска надмина 5.000, а повеќе од 15.000 се ранети.

Според Министерството за здравство во таа палестинска енклава, од 7 октомври во израелските напади загинале најмалку 5.087 Палестинци, од кои 2.055 биле деца. Повредени се 15.273 лица, пренесе Ал Арабија.

Министерството додаде дека најмалку 436 лица, меѓу кои 182 деца, загинале во изминатите 24 часа. Во соопштението се наведува дека повеќето од жртвите се на југот на Појасот Газа, каде што се евакуираат палестинските цивили по предупредување од Израел.

Слични содржини