Бројот на загинати во поплавите во централна Грција се искачи на 11

од Vladimir Zorba

Тело на 77-годишен исчезнат маж е пронајдено во близина на островот Евија, со што бројот на жртвите од поплавите во централна Грција се искачи на 11, соопштија властите.

Наведено е и дека бројот на исчезнати е зголемен на шест, но дека може да има повеќе, пренесува АП.

Како што беше официјално објавено, станува збор за еден од исчезнатите лица во невремето „Даниел“, од крајбрежното село Палци, на планинскиот полуостров Пелион, кој се наоѓа помеѓу Егејското Море на исток и заливот Пагаситикос на запад.

Слични содржини