Брутални и искрени: Се работи за овие три хороскопски знаци

од Elena Daskalova
369 прегледи

Лицата родени во овие три хороскопски знаци секогаш ќе бидат искрени со вас и ќе ви ја кажат вистината, без разлика дали е убава или не.

Веројатно со својата бруталност и ќе ве повредат, бидејќи не гледаат ништо лошо во тоа директно да бидат реални и отворени, без да цензурираат или да ја украсуваат вистината. Често не ги земаат предвид вашите моментални чувства, туку тргнуваат од тоа дека дури и најлошата вистина е подобар избор од секоја бела лага.

Бик

Тие се многу природни и кај нив нема никаква глума. Мразат лаги, а не веруваат ни во вртење одоколу, па затоа можете да очекувате дека ќе ви ја кажат цела вистина наеднаш, па дури и ако тоа значи дека ќе ве расплачат и повредат.

Близнаци

Близнаците се егоистични и злобни, се радуваат на туѓото страдање и често, под извинение за искреност, ќе ви кажат работи кои не се ниту важни и релевантни, само за да гледаат како страдате, а ќе ве убедат дека е за ваше добро.

Стрелец

Тие не размислуваат дали некого ќе повредат, туку сметаат дека секоја информација треба да дојде до оној на кој е наменета. Мислат дека прават услуга, без разлика на каков начин ви ја кажале вистината.

Слични содржини