Брзи тестови во училиштата не се препорачани од Комисијата, вели Царовска

од Берта Китинска

Не станува збор за желби и можности, туку за препораки од здравствените власти. Ако Комисијата за заразни болести утврдила протокол и постапување, сметам дека сите општини и сите училишта треба да ги почитуваат. Ако тие не препорачале тестирање, значи дека тоа нема додатна вредност во даден момент, изјави министерката Мила Царовска во врска со донацијата на брзи тестови од Општина Илинден за ковид-дијагностицирање во трите основни и во средното општинско стручно училиште „Илинден”.

– Комисијата  доколку утврди  дека има потреба, тогаш ќе го спроведеме во сите училишта, но во моментов останува да се почитуваат препораките што се дадени, а тоа е да има дезинфекција, мерење температура и проветрување на просториите, изјави Царовска.

Слични содржини