Бучковски за „Локално“: Каква и да е разврската во Бугарија, тоа ќе има влијание за што поскоро решение на нашиот спор

Во рамки на пост изборниот ден во соседна Бугарија, „Локално“ од поставениот владин претставник за преговорите помеѓу С.Македонија и Бугарија, Владо Бучковски побара одговори за тоа како ќе влијаат изборните резултати на преговорите со С.Македонија, како и тоа кој со кого би можел да коалицира во бугарскиот парламент.

Бучковски, во кратка изјава за „Локално“, вели дека треба да се почекаат резултатите кои официјално ќе бидат објавени на 8. Април, но и треба да се има предвид дека постои можност по три неуспешни обиди, да бидат во Бугарија повторно распишани избори, и во меѓувреме да диригира службена (техничка) Влада.

„Треба да се почекаат официјалните резултати на 8. Април… Во секој случај има фрагментација на Парламентот, што навестува неизвесност. Кој и дали воопшто ќе стигне до мнозинството од 121 пратеник. Новите три партии… Има таков народ на Слави Трифонов, Демократска Бугарија на Христо Иванов и Исправи се на Маја Манолова се новите партии во Парламентот и ќе имаат над 80 пратеници… Прв мандатот ќе го добие Бојко Борисов и ќе има рок од 7 дена за создавање на мнозинство за Влада, ако не успее, тогаш мандатот ќе оди кај Слави и нови 7 дена. Ако по третиот обид не се формира мнозинство за Влад, Претседателот Радев ќе формира службена (техничка) Влада и ќе распише нови избори. Сето ова, каква и да е разврската ќе има влијание на нашите напори за што поскоро изнаоѓање на достоинствено и оддржливо решение на нашиот спор“, истакна Бучковски.

Слични содржини