Бучни патишта се многу повеќе од непријатно и вознемирено спиење, открија научниците. Живеењето во близина на прометните булевари го скратува животот, пишува “Индипендент”.
Истражувачите откриле поврзаност меѓу татнежот на автомобилите по најпрометните патишта и смртноста, како и ризикот од мозочен удар.
Резултатите покажуваат дека луѓето кои се изложени на повеќе од 60 децибели имаат 4% поголеми шанси да умрат порано. Ова докажува дека бучавата од сообраќајот го скратува животот.
Според научниците оваа врска е поврзана со зголемениот крвен притисок, проблеми со спиењето и стресот предизвикан од бучавата. Студијата покажа исто така дека возрасните кои живеат во области со големо движење имаат 5% поголеми шанси да бидат примени во болница за мозочен удар, отколку оние од потивки населби.