Будење на третото око: Како да дознаете дали 6-та ви чакра ви е отворена

од desk3
1,5K прегледи

Кога третото око е отворено, постојат некои забележителни ефекти врз вашите чувства и размислувања. Третото око (исто така позната и како окото на умот, сместено точно помеѓу веѓите) е шестата чакра, која има моќни способности. Обично оваа чакра станува активна кога човек има постигнато одредено ниво на информираност и свест.

1477209939-meditation

Дури кога индивидуата поседува сочуство, љубов, чесност и чувство на одговорност, третото око се отвора и открива нови патишта за самообразование.

Ако сакате да знаете дали третото око е будно, проверете ги овие 4 знаци кои можат да ви помогнат.

Интуиција

Ако 6-та ви чакра е отворена, првата вештина што ја добивате е интуиција. Ќе можете да кажете што, како или кога нешто ќе се случи, пред тоа да се случи во реалноста. Тоа е суптилно чувство кое ќе ве води и што ќе се развива се повеќе и посилно во времето.

Различно размислување
Барате самообразование и стекнувањте различно размислување. Почнувате да се откажувате од стари навики и стари методи, наместо нив барате ментална и духовна еволуција. Тоа влијае на животот, почнувате да се подложувате на сомнеж и дополнителна проценка на сè што гледате или слушате. Анализирате и барате нови начини за развој – како на социјален така и на личен план. Веќе не ја земате само верзијата на одговорите, туку ја барате вистината и сакате да знаете повеќе.

Отворена свест

Будење на третото око овозможува разбирање на комплексни ситуации или концепти кои пред тоа може да биле премногу сложени за вас. Почнувате да гледате на состојбите од многу различни агли и да разбирате бројни нивни аспекти. Можете полесно да комуницирате со своите мисли и чувства.
Видување надвор од кутијата
Менталитетот веќе не е оформен единствено врз основа на она што другите луѓе или медиумите ви велат. Можете да гледате надвор од зборовите и сте во можност да го сфатите вистинското значење или причините кои стојат зад одредени активности. Останете во контакт со вашите сетила со животот и природата и можете да ги разбирате скриените пораки кои ги добивате од нив.