Бугарија да ги почитува и заштити правата на македонското малцинство, стои во извештајот на ОН

од Nikola Popovski

Македонското малцинство треба да биде заштитено во Бугарија, стои во последниот извештај на Обединетите нации (ОН) каде што се нотира загриженост како земјата ги третира.

На македонските малцински групи во Бугарија им е забрането правото на собир и здружување. Поради ова постои загриженост, се вели во новиот извештај на Комитетот за елиминација на расна дискриминација при ОН.

ОН бараат земјата да преземе мерки за поттикнување на соработката и активностите. И покрај тоа што комитетот го зема предвид објаснувањето дадено од бугарската делегацијата дека сите нејзини граѓани имаат право на самоидентификација, вклучително и Македонците и Помаците, сепак, оттаму изразуваат загриженост поради извештаите дека на македонските малцински групи во Бугарија им е забрането правото на собири и здружување.

Во извештајот уште се наведува дека постојат пречки за регистрација, односно македонските здруженија се одбивани од страна на Агенцијата за регистрација и од судовите.

Европскиот суд за човекови права досега има донесено 14 пресуди согласно кои бугарските власти треба да дозволат регистрација на македонските здруженија, чија цел е признавање на македонското малцинство во Бугарија.

Минатата година, и Комитетот на министри при Советот на Европа ја повика Бугарија да ги испочитува овие пресуди на Европскиот суд за човекови права.

Слични содржини