Бугарија го назначи Орце Камчев за почесен конзул во Македонија, се чека одобрение од Владата

од desk4
133 прегледи

 

Бугарија го назначи бизнисменот Орце Камчев за почесен конзул во Македонија и барањето за егзекватура е стигнато во македонското Министерство за надворешни работи, потврдија за  СДК од МНР.

Според процедурата, барањето се разгледува во МНР, потоа се бараат мислења од Министерството за финансии и Секретаријатот за законодавство при Владата. Кога ќе се комплетира документацијата, министерот за надворешни работи го предлага кандидатот на странската земја до Владата и ако тој или таа добие одобрение, министерот за надворешни му издава егзекватура, што е слично со агреман за амбасадорите.

Камчев, кој од реномираниот економски магазин Форбс беше прогласен за најбогат Македонец, на 29 август 2016 година беше на распит во Специјалното јавно обвинителство.