Бугарија конечно избра политичка влада после две години

од Nikola Popovski

По две години избори, Бугарија конечно избра политичка влада. Бугарското Народно собрание по повеќе од два часа расправа го избра академикот Николај Денков за нов премиер, кој беше предлог на партијата „Продолжуваме со промените“ на поранешниот премиер Кирил Петков. Потоа пратениците гласаа за структурата и составот на кабинетот „Денков-Габриел“ кој за 9 месеци ќе ги смени местата на чело на извршната власт.

После изминување на рокот, на премиерското место ќе седне вицепремиерката Марија Габриел, која до тогаш ќе ја извршува и функцијата, шефица на бугарската дипломатија. Габриел е доскорешна еврокомесарка и предлог на ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов.

Како што пренесуваат бугарските медиуми, 131 пратеник ја избрале новата влада, а 69 гласале против.

Изборите кои се одржаа кон крајот на месец март беа петти во последните 2 години и неколку месеци. Неуспехот да се формира редовна влада во тековно избраниот парламент се закануваше да ги загрози плановите на Бугарија за приклучување кон еврозоната во 2024 година, како и да го отежне користењето на фондовите на ЕУ за закрепнување.

Слични содржини