Бугарија намерно го „тегнеше“ спорот, вели Пендаровски

од Nikola Popovski
243 прегледи

Претседателот Стево Пендаровски денес информира за еден податок од преговорите со Бугарија, кој досега не и бил познат на јавноста.

-На тие точки 5+1, ние ги кажавме нашите позиции. Немаме добиено одговор од Софија. Мислам дека е ред кога јас на улица ќе ти кажам добар ден и ти мене да ми одговориш со добар ден, да не вртиш глава. Постоеше и нели португалскиот предлог, кој беше донесен во Скопје и Софија. Тие му рекоа на Да Силва (португалскиот МНР) дека им треба 4,5 дена за одговор. Пак немаше никаков формален одговор ниту на тоа. За што зборуваме тогаш? За 6 месеци, еден месец? Прашањето е дали ти сакаш да влезеш во реални разговори со мене или сакаш само да ја тегнеш работата. Само еден резон гледам за тегнењето, а тоа е затоа што имаа три парламентарни избори по ред, што беше ситуација без преседан кај нив, вели Пендаровски во емисијата „Само интервју“.

Слични содржини