Бугарија презема контрола над нафтен терминал од руски Лукоил

од Vladimir Zorba

Бугарскиот парламент денеска донесе одлука за откажување на концесијата на руската нафтена компанија Лукоил за управување со нафтениот терминал Росенец, во близина на пристаништето Бургас на Црното Море, што треба да го забрза влезот на земјата во Шенген зоната на Европската унија без гранични контроли.

Предлог-законот, изгласан во прво читање, беше поддржан од 144 пратеници од 240-члениот парламент, објави Ројтерс.

Договорот предвидува и дека на Лукоил ќе му биде дозволено да го користи нафтениот терминал и по завршувањето на концесијата, но потоа ќе треба да плаќа даноци на бугарската влада.

Слични содржини