Бугарите во Македонија гласаат: „Не очекуваме промена на политиката на Софија кон Скопје“

од Nikola Popovski
243 прегледи

Македонските граѓани со бугарско државјанство и пасош гласаат во бугарската амбасада во Скопје. Гласањето се одвива непречено и без никакви тешкотии, објавија од бугарската новинска агенција БГНЕС.

„Гласањето не е само право, туку е и должност на сите, вклучително и на македонските Бугари“, изјавил за агенцијата, Владо Перев, кој го искористи своето право на глас денес пред пладне. Според него, „голем број македонски Бугари одбиваат да гласаат од страв да не бидат снимени и прогонети“.

„Јас лично, но и повеќето луѓе тука во Македонија, не очекуваме каква било промена во однос на бугарската политика кон земјава. Ова е јасно од неодамнешните изјави на претседателот Румен Радев, каде има одредено зајакнување на позицијата. Очекуваме бугарската страна да се придржува до позицијата на парламентот, но убедени сме дека двете земји имаат заедничка иднина во европското семејство“, додал Перев.

Слични содржини