692
„Мислам дека тоа кое го кажа премиерот Заев во интервјуто, во голема мера ќе ги зголеми шансите во наредните денови и недели за приближување на позициите“, изјавил бугарскиот историчар Стефан Дечев за ТВ Сител.
Според него, ако не меѓу двете општества, тогаш на едно политичко ниво, на крајот од годината можеби ќе се постигне некаков компромис меѓу Скопје и Софија.
„Зборувам за тоа кое тој го кажа, за заедничката историја и за борбата од минатото и за Гоце Делчев како заеднички херој. Не треба секогаш да се прави врска и да се асоцира Бугарија со фашизмот. Мислам дека тоа ќе ја отвори вратата за приближување на позициите“, истакна Дечев.