Бугарскиот премиер Бојко Борисов смени четворица министри денес како дел од реконструкцијата на владата насочена кон запирање на антикорупциските протести во кои демонстрантите со денови бараат негова оставка.

Борисов ги замени министрите за финансии, економија, туризам и внатрешни работи, пренесува БТА.
Министерството за финансии ќе го преземе сегашниот министер за здравство, Кирил Ананиев, додека шеф на здравството ќе биде директорот на болницата „Александар“ во Софија, Костадин Ангелов.
Засега министер за внатрешни работи ќе биде директорот на полицијата, Хисто Терзииски.
Пред два дена, бугарската влада преживеа гласање за недоверба, побарано од опозициските социјалисти, кои ја обвинуваат дека не успеала да ја искорени ендемската корупција.