Селекторот на бугарската фудбалска репрезентација Јасен Петров го коментираше тешкиот пораз на неговиот тим од Швајцарија со 0:4 во Луцерн. Според него, има голема разлика во класи, меѓу неговата и останатите репрезентации.
Петров во овој контекст ја спомена и македонската фудбалска репрезентација, која се пласираше во баражот за СП во Катар 2022.
-Успесите на Србија и Северна Македонија не се резултат само на работата на фудбалските луѓе, за нив тоа е државна политика. Тоа се прави кога сакате да го развивате спортот. Мора да продолжиме да носиме млади играчи да играат и да ги покажат своите капацитети. Не ни беше лесно да ги преземеме овие ризици. Не ми е пријатно да зборувам после ваков пораз. Жал ми е што овој циклус го завршивме на овој начин, изјави селекторот на Бугарија, пренесуваат бугарските медиуми.