Бугарскиот „Сончев брег“ на врвот на листата со најдостапни летувалишта во Европа

од Vladimir Zorba
104 прегледи

Бугарското одморалиште “Сончев брег” ја предводи листата за најдостапни европски летувалишта според истражувањето на британските поштенски услуги. Во рејтингот фигурираат вкупно 19 одморалишта, а најскап е шпанскиот остров Ибица. Истражувањето се базира на цената на туристичките стоки и услуги – од просечната цена за појадок, ручек и вечера во ресторан до цената на сончање.

На “Сончев брег” цената на таква кошница е 37 фунти дневно, додека на Ибица туристот треба да плати по 131 фунта за најнеопходното.

Еве го и рејтингот на најдостапните летувалишта:

Сончев Брег, Бугарија

Алгарве, Португалија

Коста дел Сол, Шпанија

Мармарис, Турција

Пафос, Кипар

И најскапите летувалишта:

Ибица, Балеарските Острови, Шпанија

Моррентино, јужна Италија

Ница, Франција

Задар, Хрватска

Лисабонското крајбрежје, Португалија

Последните години цените во одморалиштата на Бугарија, Турција и Кипар паднаа за Британците поради ослабувањето на нивните валути во однос фунти, велат експертите. Во земјите со еврото се случи спротивното: локалната валута се зајакна заради вестите за излегувањето на Велика Британија од ЕУ.