Бугарските цариници целосно неподготвени за прием на туристи од Македонија

од Vladimir Zorba
113 прегледи

Бугарските гранични служби крахираа за време на овој викенд. Километарски  колони на граничните премини и враќање на стариот балкански  однос на сега европските цариници.

На сите гранични премини во петокот и саботата  и синоќа се чекаше со часови и  речиси иста беше сликата и за влез, и синоќа, за излез од Бугарија.

Во петокот беа првите редици на граничниот премин Деве Баир-Ѓуешево кои се оформија уште во раните попладневни часови. Потоа  се чекаше најмалку еден час и повеќе.

Колоната не се намали  до крајот на денот. Илјадници македонски граѓани  нервозни чекаа тргнати на продолжениот викенд , во правец на туристичките места во Бугарија. И саботата беше иста само времето на чекање  и по два часа и повеќе.

Синоќа сликата беше иста, но  на другата страна. Километриски редици чекаат да ја напуштат Бугарија и
македонските граѓани да се вратат дома.

На  прашањето  на незадоволните граѓани зошто толку се чека ,  одговорот на македонските погранични служби  беше дека Бугарите не сакаат да работат, дека не пуштаат повеќе ленти и застојот е поради  тоа.

За жал, ова и не е прв случај кога илјадници граѓани губат часови, понекогаш повеќе од 3-4, на границата помеѓу двете земји. Секако, на тоа незадоволство се надополнуваат пропуштањата преку ред на двете страни.

Но, стана традиција  за  секој македонски празник на граничниот премин „Деве Баир” има долги колони, патници кои редовно се нервозни и се бунтуваат … Колку за споредба, од бугарска страна работеше само една линија, а од македонска беа отворени шест,  и тоа е редовна практика. Исто е и на граничниот премин кај  Станке „Лисичково-Делчево“ . Таму од македонска страна се пропуштаа и двете паралелни ленти на другата страна исто- застој..

Различно од другите гранични премини со Бугарија на граничниот премин Станке Лисичково, во близина на Благоевград, замислете ги снема и задолжителните „вињетки“, а бабата која ги продаваше без објаснување го затвори шалтерот и вели – „немам веќе барајте  си кај цариникот или дојдете од понеделник“… !?

Цариникот пак уште подрзок вели -„па што сте се летнале цела Македонија во Бугарија, а  каде сега да ви најдам   – бегајте нема“.

Тие кои патуваат почесто рекоа дека имало  на бензинските по патот, но предупредија молете се да не ве запре полиција да ве казн зошто не сте купиле на граница. А тука нема!?

На враќање сообраќајците сопираа редовно и погодете што бараа- имате ли вињетка,  а ако имате, зошто  не не ви се залепени туку само до пола, па така не важеле … и потоа иде пазарењето.

Е тоа ти е викенд македонско-бугарски елитен туризам , и тоа продолжен и тоа во европска Бугарија.