Булеварот „Цветан Димов” ќе биде со шест ленти и „Бас рапид транзит“

од Берта Китинска

Булеварот „Цветан Димов“ во Чаир ќе се прошири на шест коловозни ленти, а на овој потег е предвидено да минува втората траса од најавениот брз автобуски превоз.

„Конечно еден од најгорливите проблеми во нашиот град ќе почнеме чекор по чекор да го надминуваме. Моите очекувања се 2 до 3 години од сега ќе зборуваме за сосема поинакво Скопје, за сосема поинаков Чаир. Ова неформално значи и изградба на втората траса на „Бас рапид транзитот“ имајќи предвид дека тука имаме коридор по кој ќе се движи до железничката во Бутел“, рече градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Шилегов наведе дека ова проширување подразбира и експропријација на определен број објекти .

„Свесен сум дека ќе уриваме неколку објекти, ќе го надоместиме тоа, но многу повеќе сум свесен дека тоа ќе биде трајното решени за овој дел од градот. Кога ќе ги ставите на кантар зијанот и користа што го добиваат граѓаните тогаш дефинитивно станува збор за еден поголем бенефит“, рече Шилегов.

Слични содржини