Буш за ситуацијата во САД: Убиството на Џорџ Флојд е шокантен неуспех во борбата против расизмот

од Nikola Popovski

Поранешниот американски претседател Џорџ В. Буш изјави дека убиството на Џорџ Флојд рефлектира со „шокантен неуспех“ на расизмот во земјата и повика на почитување на пораките на демонстрантите, пренесува Ројтерс.

„Единствениот начин да се видиме себеси во вистинско светло е да ги слушнеме гласовите на голем број луѓе кои се повредени и тагуваат“, изјавил Буш.

„Оние што ги премолчуваат тие гласови не разбираат што значи Америка – или како може да стане подобро место“, истакнал поранешниот претседател на САД, без да го именува Трамп, кој се залага за сосема поинаков пристап и мислење.

Трамп подоцна ги пофалил надлежните органи на Твитер за доминацијата и употребата на сила во Вашингтон.

Буш изјавил дека тој и неговата сопруга биле вознемирени од „бруталното задушување“ што довело до смрт на Флојд.

„Овој последен инцидент во кој е убиен Афроамериканец од бел полицаец покренува загрижувачки прашања со кои треба да се соочиме“, посочил поранешниот американски претседател.

„Оваа трагедија – во долгата низа на слични трагедии – поставува прашање на кое сè уште не сме одговориле: Како да се стави крај на системскиот расизам во нашето општество “,заклучил Буш.

Слични содржини