Некои играчки што децата во САД ќе ги добијат за Божик, ќе бидат „поткастрени“ – без батерии и додатоци во комплетот, без екстра функции или погодности – поради царините на Трамп, пишува qz.com.
Не треба се чека главната сезона на купување во САД – онаа пред Божик – оти веќе сега може да се види што зголемените царини донесуваат, односно однесуваат кога се во прашање играчките што се продаваат во земјата. Производителите на играчки скришум ги преправаат своите производи како реакција на растечките царини за увозот од Кина. Некои не ставаат батерии во комплетите, го намалуваат бројот на додатоци во комплетите со кукли или комплетите „домаќинство“ или пак користат поевтини магнети или помалку амбалажа за да ги намалат трошоците.
Сето тоа е резултат на сеопфатните царини од Доналд Трамп од 30% за увозот од Кина, кои беа одложувани или делумно применувани. Иако моментално се водат преговори за рамковна трговска спогодба, со која царините барем за дел од секторите ќе се намалат, неизоставно кај играчките ефектот не е мал.
Дури 80% од играчките што се продаваат во САД се произведени во Кина. За некои од најстарите производители и продавачи на играчки, како „Мател“ и „Хасбро“ ударот беше жесток. Приходите на Мател опаднале за 6% во вториот квартал на годинава, соопшти компанијата минатата седмица. Некои продавници ги одложуваат нарачките, несигурни за побарувачката и економската несигурност и растечките цени.
Хасбро, исто така минатата седмица објави една милијарда долари планирани загуби директно „предизвикани од примената на царините“. Оваа компанија вели дека „преопремила или преосмислила“ некои класици, како „Candy Land“ (Земја на бонбоните) and Operation (Операција) за да ги намали трошоците. Други компании размислуваат за покачување на цените и „кастрење“ на играчките или комплетите. „Попјулар Плејтингс“ така ја „искастри“ играчката „Магнетна торта“ но и ја зголеми цената – од 30 долари на 35 долари – покачување од речиси 17%.
Но овие измени не се обично затегање на ременот од страна на компаниите. Имено, бидејќи нарачките на производите за Божикната шопинг сезона се прават со месеци однапред, според погоренаведените промени, јасно е што ќе се појави на полиците во месеците пред Божик. Во оваа или онаа рака, на што и да се сече, јасно е дека за најголемата шопинг сезона во САД ќе се продаваат најмногу „бастардизирани“ играчки.