Цените на природниот гас во Европа се стабилизираа на најниско ниво во повеќе од две години благодарение на обилните резерви и благата зима.
Мегават гас со рок на испорака од еден месец во вторникот изнесуваше 29,7 евра на референтната холандска дигитална платформа, јавува ДПА.
Аналитичарите посочуваат на релативно обилно снабдување со увезен течен природен гас и целосни складишни капацитети благодарение на благата зима.
На почетокот на минатата година неговата цена беше околу 79 евра за мегават час, за накратко да надмине 57 евра во октомври, бидејќи конфликтот во Појасот Газа ја зголеми загриженоста за снабдувањето. Оттогаш бележи надолен тренд.
Во август 2022 година достигна 277 евра поради намаленото снабдување преку гасоводите од Русија. Во меѓувреме, Норвешка стана главен снабдувач на гас во Европа, пренесува „Хина“.