Цената на гасот во Европа скокна по веста за експлозијата на гасовод во Русија

од Vladimir Zorba
184 прегледи

Цената на гасот во Европа скокна на речиси 1.260 долари за 1.000 кубни метри по веста за експлозијата на гасовод во руската република Чувашија, покажуваат податоците на берзата ICE.

Во фјучерсите за еден месец во холандскиот центар ТТФ, гасот за испорака во јануари беше договорен по цена од 1.258 долари за 1.000 кубни метри или 114.325 евра за мегават час, по тековниот курс долар/евро, пренесува агенцијата ТАСС.

Ројтерс претходно објави дека дошло до експлозија на гасоводот Уренгој-Помари-Ужгород во Република Чувашија, во која животот го загубиле три лица.

Гасоводот Уренгој-Помари-Ужгород е изграден во 1983 година за снабдување со природен гас за земјите од Централна и Западна Европа.

Овој гасовод ја минува руско-украинската граница во областа на мерната гасна станица Сужа во регионот Курск.

Слични содржини