Министетот Агим Нухиуи на прес конференција пред малку изјави дека како министер ги осудува настаните и признава дека дел од структурите на МВР не си ја завршија работата за што ќе сносат кривична одговорност. Тој го известил и внатрешната контрола на МВР и обвинителството и бара брза реакција.
ЈАс како министер инсистирав за формирање на опоеративен штаб , а во него има луге од сите области на МВР
Имавме подготвено планови за три претпоставени ситуациии, за мирни протести за ситуација на избор на претседател на Собрание и претпоставена ситуација кога ќе се избра влада.
РАководител на оперативниот штаб беше Митко Чавков директорт на Јавна безбедност. Сакам да ја извесам јавноста од моментот на акцијата до 20 часот- Чавков не ми се јавуваше беше недостапен за мене. Сакам да потенцирам дека очигледно е дека во структурите на МВР политичкото влијание игра многу голема голема улога
Тоа е за секаква осуда
Вработените мора да ги почитуваат наредбите во МВР а не на политичките центри и тоа мора да биде санкционирано.
Сите што не постаија со законските овластување сите ке бидат санкционирани !
МВР е инстиуција која мора да го гарантра јавниот ред и мир, а не тие кои сакаат да ја злопутребуваат.
Морам да потенцрам дека голем дел од нив се професионалци и сакам да им се заблагодарам и ги охрабрувам да продолжат професионално, порача министерот Нухиу
Уште синоќа стапув во контакт со Обвинителството за расчистување на настаните. Апелираме и тие најбрзо што можат да се вклучат.
Сите прекршуивања ке бидат соодветно процесуирани и секој поединечно ќе сноси одговорност
Сакам да кажам дека сум згрозен од постапката на демонстрантите кои не дозволија брза помош да влезе и да им помогнатна повредените во парламентот.
Чувствувам и морална одговорност заради тоа што не успеав да ја тргнам политиката од МВР, и за тоа ќе барам мое повлекување. Но ќе создадам се за трансфер на власта , но и кривична одоговрност за сите одговрни.
Му го честитиам изборот на претседателот Талад Џафери за избраната позиција, рече на крајот министерот Агим Нухиу на прес конференцијата во МВР.