Постојат огромни ризици за системот ако нестручно се манипулира и ако дојде до прекин. Во периодот од 2008 до 2015 постојат актуелни посебни истражни мерки кои се спроведуваат во различни области на криминал, меѓу кои и тероризам, изјави доцна синоќа директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков во функција на портпарол на УБК, бидејќи неговиот сектор воопшто не е ниту цел ниту предмет на истрага и судски налог на СЈО
Според него во дворот на МВР и пред УБК незаконски биле распоредени припадници на единицата Алфа кои од разни причини претходно биле отстранети од единицата, а по наредба на министерот Оливер Спасовски биле вратени во полициската единица.
„Сакаат да создадат перцепција дека некој во УБК ги опструира, а од системот самите сфатија дека не може да ги извадат податоците, односно да направат експорт на податоци. Тој систем не е сопственост на МВР, на УБК, сопственост е на операторот и само овластено лице од него може да пристапи до тој систем. Се уверија во тоа и испратиле писмо до операторот за да добие овластување нивниот претставник во Македонија“, рече Чавков.
ИСто на припомош на ЧАвков ноческа бил и заменик министерот на МВР Оливер Андонов тој исто така од неколкудневното минисгтерување заклуува дека со нестручноста и неподготвеноста на СЈО и Јанева се доведувало во прашање националната безбедност.
„Денес се случи преседан со кој се доведе во прашање националната безбедност поради нестручноста и неподготвеноста на Специјалното јавно обвинителство. За да ја оправда својата нестручност Катица Јанева се обиде да манипулира дека некој не сака да соработува и за да создаде тензија ја ангажираше единицата Алфа, а генералниот сектерар на СДСМ само ѝ помогна во ова“, изјави синоќа Андонов по обвинувањата на Јанева дека не им е овозможено да го спроведат судскиот налог во УБК.
Тапкаме во место, на мртва точка сме, но не заминувам додека не биде спроведена судската наредба и додека физички издржувам, изјави специјалната обвинителка Катица Јанева на ноќешната прес конференција на СЈО од пред МВР.
Ние нема да си одиме додека не постапиме по судските наредби, имаме целосна покриеност со дежурства, јас ќе бидат цела вечер тука, рече Јанева. Бараме да ни бидат доставени податоци за сите маркирани телефонски броеви кои се прислушувани во бараниот период, и се сомневаме дека тие податоци ги има во УБК. Управата засега не само што нема воља туку и покажува немање техничи и човечки капацитети да реалзира судска наредба, што е недозволиво за ваква важна државна институциј. Не сакаме да инсинуираме дали тоа е намерно или ненамерно,изјави обвинителката Ленче Ристоска .
САкаме да укажеме и дека информациирте кои се пренесуваат во јавноста за компаниите кои се инволвирани во случајот треба да севнимава затоа што тие помагаат во случајот и не би сакале да им наштетиме во нивниот имиџ и работа.. Проблематини се од УБК кои не ја спроведуваат наредбата , вели Ристовска.
Таа посочи дека СЈО, по наредба на Основниот суд Скопје 1, а по претходно барање на Специјалното јавно обвинителство, побарало да ги добијат сите маркирани броеви кои биле предмет на прислушување и од СЈО се сомневаат дека истите се и во сегашниот систем, но тука има голем и невиден отпор за соработка.
„Разочарани сме што ваква институција нема ниту технички ниту човечки ресурси да одговори на судска наредба“, рече Ристоска.
За присуството на екс министерот Митко Чавков и заменик министерот Оливер Андонов, , чие место не е во УБК тие рекоа дека биле непристојни во пристапот, и посочија дека директорот на УБК Анастасовски исто не соработувал и постојано бил опкружен со консултанти кои го советувале како да ја блокира работата.
„Ние ќе ка спроведеме оваа судска истрага во интерес на граѓаните и ќе ги земе сите податоци кои се во интерес на овие случаи, “ беше многу конкретна специјаната обвинителка Катица Јанева
За повеќе податоци и нформации специјалната обвинителка најави дека со нови детали ќе излезат на прес конференцијата денеска во 11 часот, во седиштето на СЈО.
Еве го видео записот од ноќешниот прес пред УБК и МВР на Јанева и Ристовска