Чавушоглу: До пролет ќе имаме прекин на огнот, примирје или преговори

од Vladimir Zorba
220 прегледи

Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу денеска изјави дека до пролет очекува јасна слика за војната во Украина.

„Сега Украина напредува на теренот, земајќи назад некои од нејзините окупирани територии. Но, Русија за возврат намерно гаѓа цивилна инфраструктура. Така, животот станува тежок особено за Украинците, и за сите нас“, рече Чавушоглу на форумот во Рим, пренесе Ројтерс.

Тој посочи дека смета дека пред пролет ќе имаме јасна слика за прекин на огнот или примирје или преговарачка маса. „Но, ние нема да се откажеме. Турција ќе вложи напори“, рече Чавушоглу.

Војната на Русија против Украина стана посложена бидејќи битките на теренот стануваат потешки, рече Чавушоглу, додавајќи дека некои западни земји треба да направат повеќе за да ги доведат двете страни на преговарачка маса.

Путин е отворен за разговори за Украина, но Западот мора да ги прифати барањата на Москва, соопшти претходно денеска Кремљ, еден ден откако американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека е подготвен да разговара доколку Путин бара начин да стави крај на војната.

Слични содржини