Чедо Јовановиќ не престанува да дивее: Му ги искршил наочарите на адвокатот на клиниката „Физио центар“

од Aleksandar Petrovski
186 прегледи

Поранешниот српски пратеник Чедомир Јовановиќ го нападнал Дејан Дубајиќ, правен застапник на Клиниката за рехабилитација „Физио центар“ во Нов Белград, пред која Јовановиќ веќе се судри со сопственикот на таа клиника, Жарко Иваковиќ, дознава српски Курир.

Јовановиќ го нападнал и адвокатот и му ги искршил наочарите пред Физио Центарот.

Полицијата е на местото на настанот, а истрагата е во тек.

За потсетување, адвокатот Дубајиќ рано утриново објави дека во текот на ноќта непознати лица се обиделе да влезат во Клиниката за физичка рехабилитација во Нов Белград.