Чекајќи ги тужбите до Управен или кој е крадецот на победи?

од Vladimir Zorba
80 прегледи

Кој е победникот? Тој што ќе направи влада, а не тој што ќе добие повеќе пратеници. Ама тоа не го кажуваат хушкачките медиуми и хушкачките новинари, ниту хушкачките политичари. Е сега  како што на Балканов бива, секогаш некој друг е “крив“. Сега му се падна на Бејли Американецот, можеби на Британецот на Европејците….

Не станува збор за грабеж. Ниту за земање победа. Станува збор за последица на системот и изборниот модел кој дефинитивно треба да биде сменет. Да, кажав дека ова не е фудбалска утакмица во која кој ќе даде гол  е победник. Ова е политика или ова  е проблем,  последица  на изборниот модел, кој го избраа ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, и  со ваков  пропорционален модел и затворени листи. Не,  не е првпат, туку и досега, имало многу неправди.

За среќа на некои или за жал на другите, промените дојдоа не по волја на политичарите, туку по волја на граѓаните.

Многу политичари изгореа. Не е само Груевски и не мора само поради него сите да гориме. Добро и тајфата околу него.А кој вели и  дека мора да биде само горе, и дека тоа е крај!?

Заев ќе има многу повеќе проблеми ама сега не знае, но и со неговите проблеми и (не)укост не мора сите да гинеме.

Кој е победникот? Тој што ќе направи влада, а не тој што ќе добие повеќе пратеници. Ама тоа не го кажуваат хушкачките медиуми и хушкачките новинари, ниту хушкачките политичари. Е сега  како што на Балканов бива, секогаш некој друг е “крив“. Сега му се падна на Бејли Американецот, можеби на Британецот на Европејците…. ама нели ние ги викнавме да посредуваат? Ама нели сите бараат да се мешаат, да бидат посредувачи и медијатори? Па зошто 2 години се согласувавте на нивниот диктат, а сега демек мажи сме, нема и не сакам!?

Како да се забораваме дека и тука има глеми и мали.

И доста со тие анкети од граѓани кои општеството ги заборавило во овие 10 години, кои се гледа дека се жива сиромаштија,неречити, па вие им раскажувате што да кажат, па потоа   ги пуштате на телевизија. Тоа не е новинарство, тоа е пропаганда и квази-новинарство кога го злоупотребувате и микрофонот и медиумот и професијата. Повик за војна, бунт, братоубиства, делби, крвопролевања и насилства: за тоа се одземаат лиценци на телевизиите во средени држави. Белким ќе бидеме и ние таква после сѐ ова.

До тогаш гледам дека никој не го казнува тоа. Гледам дека ад хок телото имало состанок и слепци, ништо не виделе- или и тие се вклопуваат во амбиентот –земај,  дрпај само плата од државата, а кој сака – што сака нека прави.

Да се вратиме на математиката и политичката мечта. Ниту колегите новинари кои се соучесници во лагата, ниту политичарите кои сакаат да скријат дека ќе бидат сменети и нема да владеат, не ја откриваат вистината дека ова е само  првата фаза, првото полувреме од натпреварот. Ама нели никој не се прогласува за победник на полувреме?

Да,  првиот чекор е тој што ќе освои најмногу пратенички места и гласови, е подобриот.  Ок, до тука сме чисти, ВМРО ДПМНЕ освои повеќе пратеници. Но, втората фаза или вториот чекор е кој ќе состави нова Влада. Тоа значи кој ќе собере повеќе пратеници за да направи влада со сите пратеници од која било страна како мандатар, кој ќе му го додели претседателот на државата.

Значи откако ќе завршат сите ујдурми со ДИК и Управниот суд, откако ДИК ќе ги прогласи конечните резултати, и се одреди мандатор, ќе треба да се спојат дали албански и македонски, дали македонски  и македонски, како кој  сака и како се може, ама  да се добие бројка над 61 за да се добие мандат и да се прави влада.

Е, тоа е е е вториот регуларен и законски чекор. Тука сѐ зависи од тоа кој со кого и како ќе се испазари. И тука нема лутиш. Има многу комбинации кои можат да се направат, а кои можеби нема да бидат по ќеиф на сите граѓани ама тоа е вториот нужен чекор, или дефект на овој изборен модел.

Тоа е дел од нашиот изборен систем кој за мене е неправеден, особено неправеден  за помалите партии кои цело време инсистираат на една изборна единица токму поради тоа.  А што да кажат сега Левица, ВМРО за Македонија, Коалицијата на Павле Трајанов, дека се украдени ли?  Тие потонаа иако завршија ѓаволска работа за мобилизација на промените.

И сега зошто нема респект кон тие  граѓани кои го дале гласот за нив или тие сега треба да убиваат поради тоа? И тоа е болката на мнозинството. Како кога во Собрание даваш добар предлог, тој млати  празна слама, ама изгласуваат тие дека твоето не чини.

Важно е да се знае дека никој не е украден, додека процедурата не заврши до крај, а сега сме само на половина. Затоа без дразнења, хушкања и обвинувања на некој трет или втор  ни се меша и  ни ја зема победата,туку  секој сам си ја сноси одговорноста дали  лошо се пресметал, лошо владеел, имал лоша кампања или едноставно некој  друг ги прелажал граѓаните, бидејќи во полтиката сите главно лажат и ветуваат.

Сите кажуваат други примери ама ете и Ѓукановиќ победи, а не е премиер, и Хилари победи со гласови, а не е претседател, и има ред примери. Така сте се договориле дека така ќе се игра, по тие изборни правила и тоа ја дефинира и победата и демократијата, и поразот.

За мене чекор напред  се отворени листи каде поединецот, граѓанинот ќе бидат пред партијата, или попрецизно кажано пред врхушката во партијата и гавазите кои го запоседнале лидерството во истата. Така дефинитивно ќе се легитимира чисто и отворено  и идеологија, квалитет, интегритетот и кредибилитетот  на поединецот во партијата. Така многу лесно ќе се менуваат, а не како досега да бидат вечни лидерите кои сепак се покажаа засега само како профитери од партијата и членството.  Ама не е така. За  жал!

Затоа поразите и победите , и кој кому краде кажано од устата на лидерите  е лага и повик на  тие околу него кои знаат дека треба да бидат сменети од други поквалитетни кадри од партијата. Ним не им е битна државата туку за нив партијата и власта се држава. А, во тој пакет   не влегува  ниту европска иднина, ниту живот ниту подобар живот за граѓаните. Тие себично гледаат само за себе. Ако си спремен да го втрунеш сопствениот народ да се тепа и убива меѓу себе – тоа не е патриотизам и ти се сакаш само себе си, а не твојот народ. Тоа е чисто како солза.

И сега тезата, а што ќе било без нив? А што  ви викаат кога ве бркаат од работа, кога ве симнуваат од функција, позиција… без секого се може ! Епа ако тоа важи за нас, мора да важи и за нив!

Можеби без секого не се може ама за поединец, двајца, тројца не се жртвува држава или како беше онаа изреката „сега за две кременадли нема да колеме вол“! Има таму многу Македонци , многу паметни луѓе  и знам дека ќе се одважат и ќе му застанат на пат на овој поклич за себеуништивање на Македонија. Таа е наша и единствена, нели!

Ад