Челси понуди за Кукуреља дури и повеќе отколку што бараше

од Vladimir Zorba

Само нешто неочекувано може да го попречи договорот на Челси и Брајтон за Марко Кукуреља, откако Фабрицио Романо изјави дека тимот од главниот град ефективно го исполнил главниот услов на клубот за играчот – се согласил да плати 50 милиони фунти. Популарниот новинар дури прецизира дека понудата е повеќе од споменатата сума, но можно е тука да се вклучат и бонусите.

Денеска се очекува развој на настаните, но сè навестува дека Кукуреља ќе се приклучи на селекцијата на Томас Тухел, откако веќе ги договорил неговите лични услови.

Младиот играч на Челси, Леви Колвил, кој се очекуваше на некој начин да биде вклучен во договорот, сепак би можел да му се приклучи на Брајтон, но за неговиот трансфер се преговара одделно.

Слични содржини