Челси потпиша договор со платформата за криптовалути

од Vladimir Zorba

Челси објави нов спонзорски договор, кој ќе стапи на сила ова лето.

Европскиот шампион го официјализираше договорот со платформата за криптовалути WhaleFin, чие лого ќе стои на ракавите на дресовите на тимот.

Ова е прв договор кој Челси го објави откако стана јасно дека нов сопственик на клубот ќе биде конзорциум предводен од американскиот милијардер Тод Боли.

Според медиумите, компанијата од Сингапур ќе плаќа по 20 милиони фунти по сезона, додека Hyundai која до сега се рекламираше на ракавите даваше 10 милиони.

Сепак, нема информации за времетраењето на договорот.

Слични содржини