Челси со доцна понуда за халф на Ајакс

од Vladimir Zorba

Челси достави доцна понуда за дефанзивниот играч за врска на Ајакс, Едсон Алварез, пренесува холандското издание „Телеграф“.

Таа вреди 50 милиони евра, во кои се вклучени и бонуси.

Челси продолжува активно да бара дефанзивен играч за врска во последниот ден од преодниот рок, како и уште еден централен дефанзивец.

Сепак, Ајакс засега тешко дека ќе ја прифати понудата, откако во овој преоден рок се разделија со солиден број на стартери.

Слични содржини