Френк Лампард најави дека ќе се раздели со овој тим “Њујорк сити” на крајот на годината, што предизвика бран шпекулации за неговата иднина.

Веројатноста 38-годишниот играч да одигра уште една сезона изгледа мала имајќи ја предвид напредната фудбалска возраст што ја претвора тренерската професија во една од неговите основни опции.
Медиумите во Англија тврдат дека раководството на “Челзи” сака да му предложи на легендата на сините позиција во клубот. Варијантите се клубот да му понуди тренерска позиција во школата или улога на амбасадор на клубот во светот.
Британската телевизија Sky пак веќе му понудила работа на Лампард како аналитичар што многу поранешни играчи ја избираат како кариера, откако ќе ги суспендираат копачките.