Черних: Периодот на повторување на катастрофалниот земјотрес од 1963 е 500 години

од Nikola Popovski

Пред точно 60 години односно на 26 јули 1963 година во 05:17 часот, Скопје било разурнато од земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала и длабочина од 5 до 7 км. Главниот потрес траел 20 секунди, а помали потреси имало до 5 часот и 43 минути. Скопскиот земјотрес се почувствувал на простор од околу 150.000 квадратни километри, најсилно низ долината на реката Вардар (5-6 степени), но и низ цела Македонија (4-5 степени), па и во соседните држави. Од потресот биле урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200.000 луѓе останале без покрив над глава. Под урнатините животот го загубиле 1.070 граѓани, а биле повредени над 4.000 граѓани.

Пр­ви што им при­стиг­на­ле на по­мош на скоп­ја­ни би­ле вој­ни­ци­те и гра­ѓа­ни­те од по­ра­неш­ни­те ју­гос­ло­вен­ски ре­пуб­ли­ки, а вед­наш по­тоа поч­на­ле да при­стиг­ну­ва­ат по­мош и спа­су­вач­ки еки­пи од це­ли­от свет. Спо­ред то­гаш­ни­те из­ве­штаи, 87 стран­ски на­ции ис­пра­ти­ле нај­раз­лич­на по­мош за Скоп­је и по­мог­на­ле во из­град­ба­та на но­во­то Скоп­је. Од то­гаш и Скоп­је го но­си епи­те­тот „град на со­ли­дар­но­ста“. Планот за реконструкција на Скопје го дизајнираше јапонскиот архитект Кензо Танге, кој претходно спроведуваше слични идеи во пристаништето во Токио и во Хирошима, но во работата беа вклучени и експерти од Обединетите нации, Полска, Југославија, Германија, Америка и други земји.

„Локално“ поразговара со раководителката на Сеизмолошката опсерваторија при Природно – математичкиот факултет во Скопје, д-р Драгана Черних во обид да дознаеме повеќе дали треба построги мерки во однос на градбите со цел да не се повторат такви слики. Како што вели, единствено почитувањето на прописите за асеизмичко градење, се основна заштита од дејството од силните земјотреси.

Во нашата република се имплементираат националните анекси на EUROCODE8 со кои се очекува помали оштетувања при вакви сиолни земјотреси, истакнува Черних.

На прашањето дали е можен сличен земјотрес со толкава магнитуда како во 1963 година, па дури полош, информира дека според истражувањата на сеизмолошката опсерваторија за максимални очекувани магнути, во скопското епицентрално подрачје можен е земјотрес со максимална магнитуда од 6.5 според Рихтеровата скала со период на повторување од 500 години.

Единствено што сеизмолозите можат да кажат врз основа на своите истражувања на податоците од веќе случените земјотреси, е веројатноста да во некое подрачје се случи земјотрес со одредена јачина за одреден временски период, посочува Черних.

Соговорничката порачува дека од кога ќе заврши целата серија на земјотреси, се одредува според магнитудата кој е главниот шок. Сепак истакнува дека по првиот земјотрес не може со сигурност да се каже дека е главен удар.

За тоа кои се нашите недостатоци во сеизмичката безбедност и дали различното тло влијае на јачината на земјотресите, Черних ни рече дека непочитувањето на прописите за градба и контролата за нивното имплементирање се единствената причина за небезбедни градби.

Секако дека геологијата на теренот, (дали објектот е на цврста стена или на алувијална наслага) влијае врз ефектот на земјотресот на градбите, оценува раководителката на Сеизмолошката опсерваторија.

Сеизмолошката телеметриска мрежа, додава Черних која ја има Опсерваторијата, е составена од 13 сеизмолошки станици опремени со најсовремени сеизмолошки инструменти.

Податоците се собираат во реално време (преку интернет) и во случај на земјотрес, веќе по неколку минути ги имаме сите прелиминарни податоци за него, ни рече соговорничката во разговорот.

Н.П.

Слични содржини