Русија ангажирала мигранти од земји надвор од ЕУ да вршат злосторства, да шират страв и да ја поткопуваат довербата во владата, нагласува чешката разузнавачка служба (БИС) во својот годишен извештај за 2024.
Според извештајот, Русија го користи Телеграм за регрутирање потенцијални агенци за вршење разни криминални активности, како правење видеоснимки од воени бази или логистички центра за воена помош наменета за Украина или за подметнување пожари.
БИС нагласува дека тие акции, покрај примарната цел за собирање информации и нанесување штети, се наменети и за нанесување психолошка штета.
„Тоа вклучува слабеење на кохезијата на западните општества, ширење страв и неизвесност, поткопување на јавната доверба во способноста на државата да ги заштити своите граѓани и зголемување на притисокот да се намали поддршката на Украина во нејзината одбрана од руска агресија“, се вели во извештајот.
Во многу случаи, агентите не се свесни дека работат за Русија, бидејќи се ангажирани преку посредници, се вели во извештајот.
Во 2021 година Чешка протера 18 руски дипиломати поради експлозијата во воен магацин во 2014 година, кога две лица загинаа. Минатиот месец на 8 години затвор беше осуден Колумбиец одговорен за неуспешно предизвикување пожар на автобуска станица. Чешкиот премиер Петр Фјала претходно изјави дека нападот најверојатно го организирала Русија.