204
Чешкиот суд денеска го ослободи поранешниот премиер Андреј Бабиш од обвиненијата за измама поврзана со субвенциите од ЕУ, што ги подобри изгледите за успех на овој милијардер и фаворит на претседателските избори оваа недела, пренесува „Танјуг“.
Обвинителството побара парична казна и условна затворска казна за Бабиш, обвинувајќи го дека незаконски присвоил околу два милиони евра наменети за изградба на рекреативен и конгресен центар во близина на Прага, пренесува „Ројтерс“.