„Чест ми е да бидам овде денес“: Зеленски ги посети украинските војници во Авдијевка (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Украина Владимир Зеленски денеска ги посети украинските војници во Авдијевка, на истокот на Украина, соопштија од неговиот кабинет.

Зеленски слушнал извештаи од воените команданти за ситуацијата на бојното поле и им доделил награди на војниците, се вели во соопштението, пренесе „Ројтерс“.

„Чест ми е да бидам овде денес, да ви се заблагодарам на вашата служба, за одбраната на нашата земја, Украина, нашите семејства“, рече Зеленски.

Денеска беше објавено дека рускиот претседател Владимир Путин ги посети Херсон и Луганск и на војниците во двете области им го честиташе Велигден и им подари икони, соопшти Кремљ.

Ова беше прва посета на Путин на Херсон и Луганск. На 19 март Путин го посети Мариупол.

Слични содржини