Секој ден по утринскиот тоалет, нанесуваме соодветна козметика.
Следува и поставувањето на шминката. Но, само една мала грешка може да го направи изгледот уморен или уште полошо – да изгледаме постари. Еве некои од најчестите грешки во шминката, кои додаваат некоја друга година.
Премногу пудра
Во желбата да постигнете совршен изглед, многу дами претеруваат со количеството пудра што го ставаат на кожата. Кога и бојата не е во согласност со бојата на кожата, тогаш таа изгледа тешка, сите несовршености како да се повидливи и изгледаме уморни и постари.
Одберете лесни формули пудра прилагодени на бојата и типот на кожата, можеби со лесни сјајна честички. На овој начин ќе изгледате свежо и природно.
Маскарата ни помага да ги направиме поубави и експресивни трепките

За да го отворите окото, може да додадете сосема малку од римелот кон крајот на трепките на долниот капак. Ако поставите на сите трепки, ризикувате да ги нагласите и фините брчки околу нив.
Во текот на денот кожата ни се поти, понекогаш дел од маскарата се собира токму во овие фини линии и ги прави видливи. За да не ги фокусирате погледите врз нив, ставајте маскара само на горните трепки и деликатно во аглите на долните.
Бојата на карминот

Бојата на карминот исто така може да направи да изгледаме безлични и постари. За есен-зима 2016-2017 не се плашете да ги направите усните примамливи, нанесувајќи врз нив повеќе заситени бои кармин.
Но, ако усните ви се потенки, темните кармини ќе направат да изгледаат уште помали, а тоа дефинитивно остарува. Исто така избегнувајте кармини кои се со телесни бои, ако кожата ви е бледа.
Црн молив

Кога сакате да го нагласите долниот капак, никогаш не нанесувајте врз него црн молив. Посветлите бои моливи како розева, деликатно бело го прават погледот поотворен. Може и дискретно да го нагласите со сенки кои се во полесни тонови за дневен изглед.
Несоодветно руменило

Несоодветната боја руменило нанесена во големи количини, исто така, може да нè остари. Откријте ги оние бои, кои ќе ви помогнат да изгледате свежо, дури и на крајот на денот, како боја на праска, розова, јаболко.
Внимавајте и како нанесувате. Благо истакнете ги јаболчниците, без да оставате вишок и нападни линии или кога ќе ве погледнат во анфас да личите на палјачо.
Силно нагласени веѓи

Имате густи и цврсти веѓи или тенкии, но и во двата случаи секој ден ги нагласувате со сенки или молив за веѓи. Ако се претера со нивно истакнување не само што нема да изгледа убаво и испишано, но и ќе додадат кон визијата неколку години сигурно.