Професор д-р Драган Вукомановиќ за РТС изјавил дека четворица пациенти починале од голема кашлица во Институтот за мајка и дете во Белград.
„Малите деца, односно доенчињата на возраст од два, три, четири месеци можат да развијат многу тешка клиничка слика на голема кашлица која за жал заврши со смрт кај четворица пациенти во нашиот Институт за мајка и дете. Едно дете во моментов е на механичка вентилација и е во респираторна и животна опасност. Бројот на деца позитивни на пертусис е околу 70, од кои половина од пациентите се хоспитализирани, што укажува на експоненцијално зголемување на децата кои покажуваат тешка клиничка слика на оваа болест“, навел Вукомановиќ.
Тој не прецизираше во кој период се случиле овие смртни случаи во Институтот.
Лекарот уште еднаш подвлече дека нема подобар лек од имунизацијата.